Ковид-19 го стави Жозеп Борел во самоизолација

Мојот тест во неделата беше негативен. Во согласност со правилата, јас сум во самоизолација и ќе направам уште еден тест - објави Борел

175

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, објави дека е во самоизолација по информација дека член на делегацијата на ЕУ со кого минатата недела отпатувал во Етиопија бил позитивен на ковид-19.

– Мојот тест во неделата беше негативен. Во согласност со правилата, јас сум во самоизолација и ќе направам уште еден тест – објави Борел на Твитер.






Европската комисија соопшти дека над 160 вработени во таа институција биле тестирани на вирусот.

Комесарот за проширување на Унијата, Оливер Вархелји, во моментов е во самоизолација по враќањето од посета на Западен Балкан, откако беше наведено дека некој од неговата придружба е позитивен на ковид-19

Поврзани содржини