Ковид-19 го напаѓа имунолошкиот систем исто како ХИВ, предупредуваат научниците
Лу Лу од Универзитетот Фудан во Шангај и Јанг Шибо од Центарот за трансфузиологија во Њујорк, го поврзаа на вирусот, официјално познат како Сарс-КоВ-2, како лабораториски создадени Т-лимфоцитни клетки.
Коронавирусот кој го предизвикува ковид-19 би можел да ги убие имунолошките клетки, кои всушност би требало да го уништат него, предупредуваат научниците.
Ова изненадувачко откритие го направи тим на истражувачи од Шангај и Њујрок, а се совпадна со набљудувањата на лекарите кои се на првата линија на фронтот во борбата против ковид-19. Тие откриле дека вирусот може да го нападне имунолошкиот систем на човекот и да нанесе штета слична на онаа која е пронајдена кај ХИВ пациентите.
Лу Лу од Универзитетот Фудан во Шангај и Јанг Шибо од Центарот за трансфузиологија во Њујорк, го поврзаа на вирусот, официјално познат како Сарс-КоВ-2, како лабораториски создадени Т-лимфоцитни клетки.
Т-лимфоцитните клетки, исто така познати како T-клетки, играат централна улога во препознавање и отстранување на страните напади во телото.
Тие го прават ова со затрупување на вирусната заразена клетка, пробивајќи дупка во нејзината мембрана и вбризгување токсични хемикалии во клетката. Овие хемикалии потоа ги убиваат вирусот и заразените клетки и буквално ги распаѓаат на парчиња.
Истражувачите направија ист експеримент и со Сарс, друг коронавирус, и открија дека тој нема способност да ги инфицира Т-клетките.
Причината, како што се сомневаа научниците, е недостаток на функција на фузија на мембраната. Сарс може да инфицира само клетки кои носат специфичен рецепторски протеин познат како „ACE2“, а овој протеин има исклучително мало присуство во Т-клетките.
Натамошните испитувања за тоа како коронавирусот може да ги инфицира примарните Т-клетки ќе предизвика „нови идеи за патогените механизми и тераписките интервенции“, наведуваат истажувачите во трудот објавен во магазинот „Cellular & Molecular Immunology“.
Лекарот, кој работи во државната болница која ги лечи пациентите од ковид-19 во Пекигн, рече дека ова откритие додало уште еден доказ за зголемената загриженост во медицинските кругови дека коронавирусот понекогаш може да се однесува како некој од најозогласените вируси кој директно го напаѓа имунолошкиот систем на човекот.
– Се повеќе луѓе го споредуваат со ХИВ – изјави докторот кој побарал да остане анонимен.
Во февруари, Чен Ајонгвен и неговите колеги од „PLA“ Институтот за имунологија објавија клинички извештај во кој предупредуваат дека пребројувањето на Т-клетките може да се намали значително кај пациенти со ковид-19, особено кога станува збор за постари пациенти или оние кои имаат потреба од третман во интензивната нега. Понискиот број на Т-клетки претставува поголем ризик од смрт.
Тоа подоцна беше потврдено со обдукциските прегледи на повеќе од 20 пациенти чиј имунитетен систем е речиси целосно уништен, според извештаите на континенталните медиуми.
Лекарите кои ги имаат видено телата велат дека оштетувањето на внатрешните органи е слично на комбинација на Сар и сида.
Генот кој стои зад функцијата во Сарс-КоВ-2 не е пронајден во друг коронавирус кај луѓе или животни.
Но некој смртоносен човечки вирус како ХИВ и Ебола имаат слични секвенци, што ги поттикнуваат препоставките дека новиот коронавирус би можел тивко да се шири во човековата околина, пред него да предизвика пандемија.
Меѓутоа, постои една голема разлика помеѓу Сарс-КоВ-2 и ХИВ, се наведува во новата студија.
ХИВ може да ги размножува Т-клетките и да ги претвори во „фабрики“ за да се создадат повеќе примероци и да се заразат други клетки.
Но, Лу и Јанг не забележале раст на коронавирус при влегувањето во Т-клетките, посочувајќи дека вирусот и Т-клетките може да умрат заедно.
Студијата покренува нови прашања. На пример, коронавирус може да постои со недели кај некои пациенти без да предизвика симптоми. Каква е неговата интеракција со Т-клетките кај овие пациенти, останува нејасно.