Ковид-19 ги растури плановите, кошаркарите се враќаат од Талин без одигран натпревар
Како причина, се наведува во соопштението на ФИБА, се наведува зголемениот број на заразени членови на македонската делегација во главниот град на Естонија.
Македонската кошаркарска репрезентација се враќа дома, за Скопје, без да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во „балонот“ во Талин.
– Раководството на нашиот национален тим, и официјално од страна на официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент, нашата селекција не е подготвена за натпреварување.
И согласно со тоа, одложен е и вториот натпревар на Македонија на турнирот во Талин, оној кој утре вечер, од 19.30 часот, требаше да го одиграме против домаќинот на овој собир, Естонија.
Како причина, се наведува во соопштението на ФИБА, се наведува зголемениот број на заразени членови на македонската делегација во главниот град на Естонија. И согласно со протоколот за ковид-19 на ФИБА, во наредниот период ќе биде одлучено кога ќе се одиграат одложените натпревари, соопшти федерацијата.
– ФИБА, земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот, донесе одлука да ги одложи двата натпревара кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера односно утре. Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а натпреварите против соодветната репрезентација на Италија односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален прозорец од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден балон во февруари идната година – се вели во соопштението на КФМ.