Ковид-19 ја започнал војната со светот уште во 2019 година
Вирусот мутира, но ова само по себе не значи дека може да ја влоши состојбата - изјавил Франсоа Балукс, истражувач од Универзитетот во Лондон.
Најновите генетски анализи поврзани со вирусот ковид-19 направени врз 7.600 пациенти во светот покажуваат дека вирусот циркулирал меѓу луѓето и во текот на минатата година, но дека неговото брзо ширење се случило откако се инфицирал првиот пациент, пишува Си-Ен-Ен.
Истражувачите во Велика Британија забележале дека вирусот мутира и дека брзо се шири.
– Вирусот мутира, но ова само по себе не значи дека може да ја влоши состојбата – изјавил Франсоа Балукс, истражувач од Универзитетот во Лондон.
Тој и неговите колеги подвлекле вирусни секвенци од глобалната база на податоци што ја користат научниците ширум светот за споделување информации. Тие ги разгледале примероците земени во различни периоди и од различни места во светот, па донеле заклучок дека вирусот најпрво почнал да ги заразува луѓето кон крајот на 2019 година.
„Овој податок го отфрла секое тврдење дека ковид-19 можел долго да циркулира пред да биде идентификуван“, напишал тимот на Балукс во извештајот објавен во списанието „Инфекција, генетика и еволуција“.
Таму е наведено дека ваквата информација претставува еден вид лоша вест, бидејќи докторите целото ова време се надевале оти вирусот циркулирал многу подолго време пред да биде откриен и со самото тоа се создавал имунитет помеѓу излекуваните.
– Сите се надеваа дека во изминатиов период луѓето создавале антитела во организмот. И јас истото го мислев – рекол Белукс.