Ковачки до Шекеринска: Не е учтиво дама да ме нарекува плачко и лажго

Дефокусирате од вистинските проблеми. Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од фантом фирмата во Хонг Конг?

1,785

Шекеринска повторно манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки за кои цело време предупредувам.  Прво, престанете да манипулирате и кажете ѝ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог, возврати полковникот Драган Ковачки на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија.  Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас. Второ, должите да одговорите: Зошто и после година дена сѐ уште на вашиот фејсбук профил стои доверлива класифицираната мапа од зона на одговорност на армиска единица?  Трето, дефокусирате од вистинските проблеми: Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од фантом фирмата во Хонг Конг? Како може со чиновничка плата да се купи куќа вредна баснословна сума а за багателна цена? Еве ја повикувам јавноста и истражувачките новинари да се заинтересирааат за случајот и да го истражат – вели Ковачки.






Тој додава дека „не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓа личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго“.

– Нема да се симнам на тоа ниво, но во интерес и добробит на општеството, на сите родители би им советувал такви фрази да избегнуваат пред своите деца – рече Ковачки.

 

Поврзани содржини