КОВАЧЕВСКИ ТРЕБАШЕ ДА СИ ОДИ МНОГУ ПОРАНО Деспотовски смета дека оставката на лидерот на СДСМ е задоцнета, но исправна

Очекувам овој чекор да го следат и сите останати членови на раководството на партијата за да може веднаш да се премине во делот на отворена дискусија за тоа кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл, изјави Јован Деспостовски, директор на ТИРЗ.

557

Јован Деспотовски, актуелен директор на ТИРЗ од медиумите вчера дознал за оставката на Димитар Ковачевски од лидерската позиција во СДСМ и смета дека е задоцнет чекор, но сепак во вистинска насока.

– Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока. Мораше да се случи многу порано. Очекувам овој чекор да го следат и сите останати членови на раководството на партијата за да може веднаш да се премине во делот на отворена дискусија за тоа кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл. Факт е дека бројот на гласови е на историски минимум за жал. Мора да гледаме како понатаму – рече Деспотовски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.






По оставката на Зоран Заев од лидерската позиција во СДСМ токму Деспотовски беше кандидат за претседател на партијата, а по вчерашната оставка на Ковачевски можно е повторно да влезе во трката за претседател на оваа партија.

Поврзани содржини