КОВАЧЕВСКИ СЕ СРЕТНАЛ СО МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ ВО БЛЕД Го молеле да ја внесе Македонија во ЕУ за да се вратат дома!

Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома - раскажува Ковачевски.

1,032

Премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата во Блед посочи дека граѓаните сакаат земјата да стане членка на Европската унија и раскажа дека на Блед сретнал македонски студенти кои работеле по кафулињата и кои во разговорот му кажале дека сакаат да се вратат дома и таму да работат, ама откако Македонија ќе стане членка на ЕУ.

– Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома – раскажува Ковачевски.

Поврзани содржини