КОВАЧЕВСКИ НЕГИРА ДЕКА МОЛЧАТ ПРЕД БУГАРСКИТЕ ПРОВОКАЦИИ Премиерот вели дека треба да се почитуваат противниците

Не е точно дека не сме реагирале, ние секогаш сме реагирале кога има дејствија кога се нарушува углед по кој било основ, вели премиерот Ковачевски.

135

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека секогаш се реагира кога има дејствија кога се нарушува углед по која било основа, одговарајќи на новинарско прашање по реакциите за говорот на омраза на синоќешниот натпревар во фудбал меѓу Македонија и Бугарија во Скопје.

– Не е точно дека не сме реагирале, ние секогаш сме реагирале кога има дејствија кога се нарушува углед по кој било основ. МНР реагираше, но реагиравме и на друг натпревар во којшто играа репрезентациите. Сепак, сметам дека најдобар начин да се навива е да се бодри сопствениот тим и да се почитуваат противниците. Тоа важи за нас секако, но важи секако и за нашите противници – рече Ковачевски по настанот за презентација на Проектот за поврзување на локалните патишта.






МНР денеска го осуди „вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.

Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла, се наведува во соопштението на МНР.

Поврзани содржини