Ковачевски не води ли партија која е наследник на „комунистички режим“?!
Правосудниот систем од времето на „комунистичкиот режим” беше светлосна година пред денешниот, што го градат премиерот и неговата влада.
Во напливот на креативни мисли, со кои се обиде да ги оправда измените на Кривичниот законик, премиерот Ковачевски, меѓу другото рече:
„Ние не можеме да градиме правосуден систем врз основа на законски одредби од 19 век и комунистички режим”.
На страна тоа што не знам на кои комунисти од 19 век мисли премиерот.
Не можев да поверувам дека такво нешто може да изговори претседател на партија (СДСМ), која во својот статут напиша дека е наследник на прогресивните идеи на Сојузот на комунистите на Македонија.
Токму затоа, мораше барем малку да покаже почит кон комунистите кои го поведоа народот во НОБ и ја создадоа современата македонска држава.
Што се однесува до правосудниот систем од времето на „комунистичкиот режим”, тој беше светлосна година пред денешниот, што го градат премиерот и неговата влада.
Во тоа време, судската професија, покрај лекарската и учителската, беше најпочитувана професија.
Денешното правосудство никогаш не било на пониски гранки во нашата историја. Поддршката на судството од граѓаните од едвај 3 отсто е за срамење, а не за фалење.
Во „режимот” за кој зборува премиетот, за судија можеше да биде избран само правник со врвни правни знаења и високи морални квалитети. Денес, секој партиски лојален член и близок роднина на партиските функционети, преку ноќ станува судија.
Добро е да се прават реформи, ама на подобро!
(Фејсбук статус на авторот, насловот и поднасловот се редакциски)