КОВАЧЕВСКИ НЕ САКА ДА СИ ИМА РАБОТА СО ГУБИТНИЦИ? Некој експресно го избриша видеото со поддршка за Мило Ѓукановиќ

Видеото со кое пред претседателските избори во Црна Гора македонскиот Димитар Ковачевски му даде поддршка на Мило Ѓукановиќ го избришале од штабот на Ѓукановиќ, тврдат од СДСМ.

3,899

Само дваесетина минути откако стана јасно дека по цели 32 години Мило Ѓукановиќ губи на изборите за претседател на Црна Гора и најверојатно заминува од политиката, македонскиот премиер Димитар Ковачевски се откажа од поддршката кон поразениот политичар.

Така се заклучи откако експресно е избришано видеото со кое пред претседателските избори во Црна Гора Ковачевски му даде поддршка на Мило Ѓукановиќ.






Од СДСМ објаснуваат дека видеото со поддршка било објавено кај Мило Ѓукановиќ на Фејсбук и на Јутјуб каналот од неговата конвенција. Ако е тргнато видеото, веројатно тие си го тргнале самите.
Јаков Милатовиќ победи на вчерашните претседателски избори во Црна Гора, освојувајќи околу 60 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ освои околу 40 отсто. Излезноста на изборите беше 70 отсто од вкупно запишаните околу 550.000 гласачи.

ИСПРАВКА Во претходната верзија на текстот е изнесено тврдењето дека Димитар Ковачевски сам го избришал спорното видео. Во меѓувреме, добивме појаснување од СДСМ, со што текстот претрпи соодветни измени.

 

 

 

ЛЕВО: Принтскрин од видеото со поддршка на Ѓукановиќ; ДЕСНО: Принтскрин од избришаното видео со поддршка на Ѓукановиќ

Поврзани содржини