КОВАЧЕВСКИ НЕ ИМ ДАДЕ ИЗЈАВА НА БУГАРСКИТЕ НОВИНАРИ Наместо тоа им се обрати Еди Рама

Додека македонскиот премиер одби да им се обрати на новинарите пред самитот, приликата ја искористи Еди Рама кој им рече дека „се срамота“.

1,374

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски одби да даде изјава пред започнувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан, пишува СДК. Албанскиот премиер Еди Рама, пак, пред влегувањето на советот на министрите им се обрати на бугарските новинари:

– Вие сте хаос, целосен хаос. Вие сте срамота. Срамно е членка на НАТО да држи во заложништво две други земји од НАТО, додека во задниот двор на Европа се води војна. Се разбира, не е пријатно да гледаме како други 26 држави демонстрираат немоќ – рече Рама.






Македонија и Албанија треба во пакет да ги почнат пристапните преговори со ЕУ, но и двете земји се блокирани од бугарското вето за Македонија.

Самитот трае во моментов.

Поврзани содржини