КОВАЧЕВСКИ НА ТЕТ-А-ТЕТ СРЕДБА СО ШОЛЦ Канцеларот во посета на Скопје и на Софија

Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

227

Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц ќе пристигне во Скопје на официјална посета.

Како што соопшти владината прес-служба, канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.






Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот.

Поврзани содржини