КОВАЧЕВСКИ НАЈАВУВА РЕФОРМА Општинските раководства на СДСМ ќе се бираат непосредно, исто како и претседателот на партијата
Развојот на демократијата е во директна корелација со унапредување на внатрепартиската демократија и затоа Димитар Ковачевски, како иден претседател на СДСМ, ќе се залага секој член на партијата да има глас и моќ да избира и одлучува на локално ниво.
– За да ги избереме најдобрите и најпочитуваните луѓе на локално ниво, потребно е членовите на партијата од секоја општина да може да бираат и да одлучуваат. Како иден претседател, ќе инсистирам локалните раководства исто како и претседателот на партијата, да се бираат непосредно. Гласот на секој член и активист мора да биде слушнат и испочитуван – порача Ковачевски пред членовите на партијата во Кочани.