КОВАЧЕВСКИ НАЈАВИ СРЕДБА СО ЗЕЛЕНСКИ Премиерот на почетокот на февруари патува за Украина

Османи вчера ги претстави приоритетите на нашето претседателство, на почетокот на идната недела ќе биде во Украина бидејќи тоа е врвен приоритет на безбедноста и стабилноста во Европа. И јас ќе одам на почеток на февруари, каде ќе имам средба со Зеленски, рече премиерот Ковачевски.

256

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција со ТИРЗ се осврна и на преземањето на претседавањето со ОБСЕ, при што најави дека на почетокот на февруари ќе патува за Украина каде што ќе има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Ние сме и држава којашто претседава со ОБСЕ, тоа е една исклучително голема обврска, одговорност, но и можност за промоција на Северна Македонија како држава, која го предводи процесот на унапредување на мирот и безбедноста во Европа и особено во вакви геостратешки услови каде на територијата на Европа се води војна. Тоа бара ресурси, но и вклучување на сите капацитети, кои ги има државата. Османи вчера ги претстави приоритетите на нашето претседателство, на почетокот на идната недела ќе биде во Украина бидејќи тоа е врвен приоритет на безбедноста и стабилноста во Европа. И јас ќе одам на почеток на февруари, каде ќе имам средба со Зеленски – рече премиерот Ковачевски.

Поврзани содржини