КОВАЧЕВСКИ МОЖЕ ДВОЈАЗИЧНО И НА ЧЕЛО ДА СИ ИСТЕТОВИРА Мицкоски вели ќе бил изненаден ако Владата донела нови инвестиции
Мицкоски додаде воопшто не се изненадува на ваквите работи затоа што се махери во тоа, инаку би бил изненаден доколку реализираат некој проект од оние кои цело време ги најавуваат.
Јас ќе се изненадев ако некој од нив донесеше нова фабрика, ова не ме изненадува. Како да ви кажам, Ковачевски може и на чело да напише двојазично, тројазично, петтојазично нели, јас ќе се изненадев ако донесеа нова фабрика, да креираа нови работни места, да пораснеше економијата, да имаше повеќе пари, тоа ќе ме изненадеше. Да немаше скандали, тоа би ме изненадило, тоа не го очекувам, би ме изненадиле ако направиле нешто добро. Колку автобуси денеска спречија да заминат од Струмица, од Виница од Тетово и од Гостивар? Млади кои ја напуштаат државата, тоа мене ме интересира, дали имаме нова фабрика која денес отвори 500, 600, 700 или 1.000 работни места како што е тоа случај во соседството. Тука ќе ме изненадат, да реализираат некој проект нешто добро да направат, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Само вистина” која вечерва се емитува на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде воопшто не се изненадува на ваквите работи затоа што се махери во тоа, инаку би бил изненаден доколку реализираат некој проект од оние кои цело време ги најавуваат.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата на СДСМ е неподготвена во однос на кризата, додавајќи дека државата нема доволно количини на стокови резерви.
– Зошто тогаш ако имаше доволно стокови резерви не се интервенираше на пазарот за нафта и нафтени деривати, тогаш ќе немавме проблем со цените, ќе немаше цените да одат до плафон, ќе немавме ние никаков проблем, ако се подготвувале – смета Мицкоски.
На прашањето дали смета дека државата нема доволно резерва на нафта и нафтени деривати Мицкоски рече:
„Не, ние ќе си интервениравме со државните резерви и со тие државни резерви ќе ја амортизиравме цената, немаше таа да биде во плафон како што е сега. Има држави кои што ги ограничија, државата ќе интервенира со тие количини кои што ги има, нели се подготвиле и ќе ги ограничеше цените и ќе речеше ова се максималните цени еве ви евтина нафта бидејќи ние обезбедивме и се подготвивме порано“.
Мицкоски ги охрабри и медиумите да проверат дали има доволно количини на мазут, но и доволно количини во стоковите резерви за останатите артикли.
– Но не само што не беа подготвени, туку и денес да ги прашате каква им е стратегијата не знаат. Еве прашајте ги дали имаат доволно количини и проверете како медиум ве охрабрувам, појдете на терен каде што се државните резерви да видите дали има доволно количини на мазут. Дали има доволно количини во стоковите резерви за останатите артикли – нагласи Мицкоски.
Мицкоски зборуваше и за мерките на владата кои нема да им помогнат на граѓаните. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се однесува одговорно и свесно, секој чекор се анализира и секој предлог кој го даваат е предмет на една голема исцрпна дебата но власта нема слух, како што беше случај и со предлогот за покачување на пензиите за 20%.
– Ако не се краде има доволно, многу се краде. Зошто ние кажавме 20%? Од моментот кога е донесена измената во законот, мислам дека во декември 2018-та па до сега, тоа што им е одземено на пензионерите отприлика би резултирало со 20% поголема пензија од таа што е сега. Ако го анализираме стандардот на пензионерите, ние предлагаме да ги зголемиме за 20% или еднократно на сите линеарно ако е просечната пензија негде над 15.000 денари, да ги зголемиме по 3000 денари сите пензии. Моментот кога се интервенираше во законот и кога практично едниот основ им се избрише, остане само едниот основ, на пензионерите овие 3 години им се скратија околу 20%. Така ние дојдовме до идејата 20% да зголемиме – не сакаат! Зошто? За да има повеќе пари за крадење, за тендери во 4 очи и злоупотреба најпрвин на вонредни ситуации кога беше ковидот, па сега на кризи итн – рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека и меѓународните финансиски институции во своите извештаи нотирале огромна нетранспарентност и злоупотреба во времето на вонредната состојба, како што се ММФ, Светска Банка итн.
– Резултатот на сето тоа е нови 600 милиони долг кој што го предвидува Фатмир Бесими за да може да ги покрие сите дупки – додаде Мицкоски.