КОВАЧЕВСКИ ЛИЧНО, КАКО ЗАМЕНИК МИНИСТЕР, ГЛАСАЛ ЗА УЛИЦА „АДЕМ ДЕМАЧИ“! Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ извади листинзи од Влада
Не постои срам и понижување на Македонија зад кое што не стои потписот на СДС! И не постои таков зафат без притоа СДС со лаги и криење да се обиде да избега од одговорност – рече Стоилковски.
Премиерот Димитар Ковачевски да каже дали денес се срами што гласал за улица „Адем Демачи” наместо за „Втора македонска бригада“, па сега се крие и манипулира, бара Чаир да си изградел улица ако сакал да го носи името на „Адем Демачи” – побара денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
– Не постои срам и понижување на Македонија зад кое што не стои потписот на СДС! И не постои таков зафат без притоа СДС со лаги и криење да се обиде да избега од одговорност!
Таков документ или зафат едноставно не постои! Уште еден срамен чин се одвива во Македонија, во којшто државниот врв се крие и критикува за сопствените одлуки!
Ова се делови од записници на владини седници од март 2021 година, кога во очи на локални избори, владата на СДС дава мислење на Шилегов и Скопје повторно водени од СДС за преименување на улици, мостови и објекти – рече Стоилковски покажувајќи ги записниците.
Според тие записници, на 50. и 51. седница на владата, во отсуство на тогашниот министер за финансии, за промена на имињата на улиците бил присутен е и гласал Димитар Ковачевски, во функција на заменик министер!
На овие седници Владата ја разгледала и прифатила предлог листатата за дополнување на листата на имиња на улици и плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и условно даде согласност на листата итн. итн.
– Ова е листата на имињата со одлука на Шилегов и СДС кои што го водеа Советот на Град Скопје и како советници од СДС и ДУИ ја прифаќаат предлог листата на Шилегов во март 2021 година. Ова е информација на сајтот на Град Скопје, каде што стои избор на нови имиња кои што ќе бидат содржани во предлогот. Фактички го најавува предлогот на градоначалникот Шилегов и Советот, земени се в предвид етничките, културните и социјалните специфики и ова не случајно го читам и вели во таа насока во редот на нови имиња на улици ќе се најдат и „Беким Фехмију”, „Ибрахим Ругова”, „Адем Демачи” и „Мајка Тереза”. И ова е листингот со промената на имиња од 2021 година, каде што како 142 предлог кој што поминува, а е промена на „Втора македонска ударна бригада” во „Адем Демачи”! Значи, јасно стои промената на името „Втора македонска ударна бригада” во „Адем Демачи”! И оттука почитувани, Владата на СДС со Заев, со гласање на Ковачевски, а на предлог на Шилегов, во 2021 го менува името на „Втора македонска бригада” во „Адем Демачи” – рече Стоилковски.
На прашање како го коментира барањето на претседателот Стево Пендаровски да се повикаат на одговорност и објаснување одговорните за менување на имињата на овие улици, Стоилковски рече дека Стево Пендаровски „уште еднаш покажа дека е срам за позицијата којашто ја извршува, настапува паушално и целосно дезинформирачки кон јавноста, по наредба за одбрана на СДС“.