КОВАЧЕВСКИ И ПЕТКОВ ЌЕ ОДИГРААТ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР Потпишани се неколку меморандуми за соработка помеѓу двете земји

Една од работните групи во рамките на меѓувладината соработка со Република Бугарија која денеска започна со работа е и работната група за образование, култура, наука и млади, со чија седница имав чест да копретседавам заедно со мојот бугарски колега, истакна првиот вицепремиер Артан Груби.

495

Многу позитивна атмосфера и многу топло гостопримство од нашите бугарски колеги и штотуку ја завршивме првата седница на комисијата за култура, образование и наука, млади и спорт и туризам и јас сум огромен оптимист за постигнувањето на многу заеднички проекти кои ќе ги реализираме во следните месеци, истакна првиот вицепремиер Артан Груби по средбата во Софија.

Тој откри дека денеска биле потпишани многу меморандуми за соработка меѓу двете страни, а како што рече, договорено е и одигрување еден фудбалски натпревар меѓу владините кабинети.






– Ценам дека оваа седница на комисијата, но и пленарната седница што ќе следи ќе биде успешна и убеден сум во многу оптимистички резултати од целата наша посета на Софија. Една од работните групи во рамките на меѓувладината соработка со Република Бугарија која денеска започна со работа е и работната група за образование, култура, наука и млади, со чија седница имав чест да копретседавам заедно со мојот бугарски колега. Ги поставивме заедничките приоритети во овие области на кои ќе работиме во наредниот период, меѓу кои: објавување на огласот за лого и слоган на заедничките владини седници, составување на заеднични културен календар, унапредување на соработката меѓу универзитетите од нашите земји за поатрактивни студиски програми, размена на искуства и можност за практична настава, организација на заеднички научни конференции, организирање на еден фудбалски натпревар меѓу владините кабинети, интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за Mлади и Спорт на нашата земја и Министерството за Млади и Спорт на Република Бугарија, взаемно промовирање на атрактивните туристички дестинации и продлабочување на соработката во областа на туризмот како силна предиспозиција на економскиот развој – истакна Груби.

Седницата меѓу двете влади во Софија, додаде тој, е важен чекор кон решенија од заеднички интерес кои ќе донесат придобивки за нашите народи и заедничка иднина во Европската Унија.

Поврзани содржини