КОВАЧЕВСКИ И КОСТАДИНОВСКА ГРАДАТ, А ИЗВЕДУВАЧ НЕМА?! Дали Универзална сала има осигурување, праша Митева

226

Поради неодговорноста на Димитар Ковачевски и на Бисера Костадиновска Стојчевска кон Универзална сала, денес таа беше опфатена со огромен пожар, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Подолг период наназад прашуваме кога е распишана набавката за реконструкција на Универзална сала, зашто на сајтот на Бирото за јавни набавки таква набавка од страна на Министерството нема. Прашавме кој е избран за изведувач и на кој начин? Кој е надзор и како е избран надзорот, но одговори не добиваме. Но затоа, веќе, вчера дознавме дека градежните фирми во Македонија реагираат на условите кои Министерството за култура ги бара од изведувачот, а салата сепак се гради. Па оттука прашуваме како Ковачевски и Бисера Костадиновска градат, а изведувач нема? – рече таа.






Митева нагласи дека штетата која СДСМ ја има направено за Универзална сала е непроценлива и дека Ковачевски и Стојчевска по промената на власта ќе одговараат за нивниот однос кон симболот на Скопје.

– Во Универзална сала подолг период власта веќе презема градежни активности, и затоа тие мора да одговорат какви материјали вградиле во изминатиов период и кој бил изведувач? Дали се вградени огноотпорни материјали или како примерот со Тетовската модуларна болница е вградувано што им се видело поевтино? Затоа што Универзална сала 50 години стои како симбол на Скопје и во моментот кога оваа криминална власт ја доведува до руина и вградува материјали со цел реновирање истата, таа гори. Ковачевски и Стојчевска мора да одговорат на сите овие прашања, но и дали Универзална сала има осигурување? – рече Митева и додаде дека СДСМ треба да им се извини на скопјани зашто не само што не успеаја да ја сочуваат постојната форма на Универзална сала, туку и со нивниот однос кон неа дозволија таа да изгори.

Поврзани содржини