КОВАЧЕВСКИ И БУЧКОВСКИ НЕМААТ ЛЕГИТИМИТЕТ ДА ГИ ВОДАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Лажно оптимистички изјави не му се потребни на македонскиот народ
Ковачевски нема легитимитет да преговара и да ги води процесите во спорот со Бугарија од причина што истиот не му е доделен од страна на народот, туку пренесен од Заев кој ја доведе Република Македонија во оваа катастрофална положба, реагираше портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Ковачевски во духот на заевизмот очекува со премиерот на Бугарија да изгради пријателски однос, но за разлика од Македонија, владата на Бугарија редовно ги брифира политичките субјекти со цел да бидат запознаени во однос на преговорите, реагираше портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа смета дека новиот мандатар Димитар Ковачевски и специјалниот претставник на македонската влада за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, немаат легитимитет за да ги водат преговорите.
– Бучковски, како специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија вели дека ќе продолжи таму каде што застанале преговорите за пакетот 5 плус 1. За Бучковски излезно решение од проблемот е новата стратегија што ја нуди Бугарија, што е доволен показател во која насока ќе продолжат уривањата на македонските позиции и покрај низата скандалозни потези и неостварени ветувања Бучковски нема кредибилитет ниту доверба за да продолжи да биде на чело на преговарачките процеси. Додека Ковачевски и Бучковски сакаат да се промовираат како нова надеж во преговорите со Бугарија, Република Македонија продолжува да биде во најнеповолна положба. Ковачевски нема легитимитет да преговара и да ги води процесите во спорот со Бугарија од причина што истиот не му е доделен од страна на народот, туку пренесен од Заев кој ја доведе Република Македонија во оваа катастрофална положба. Лажно оптимистички изјави не му се потребни на македонскиот народ, потребна е дипломатска спремност, кадарност и решителност во преговорите, нешто што СДСМ преку пиунот Ковачевски и специјалниот претставник Бучковски не го поседува. Република Македонија има Резолуција изгласана во Собранието и од тоа никој никогаш не смее да отстапува. Со Ковачевски и Бучковски во тоа не сме сигурни – истакна Митева.
На новинарско прашање дали новата македонска влада има легитимитет да владее до редовните избори во 2024 година, Митева одговори дека постојат две причини поради коишто смета дека нема легитимитет.
– Првата причина е тоа што СДСМ како политичка партија е детронизирана на последните избори поради криминалот, неодговорното раководење со државните прашања и поради останатите резултати кои што ги нема во сите сектори. А втората причина поради тоа е што Ковачевски е пиун на Заев и негова продолжена рака – рече Митева.