КОВАЧЕВСКИ И АХМЕТИ САКААТ САМО ДА СЕ ЗАДРЖАТ НА ВЛАСТ На народот му е преку глава и затоа масовно излезе на протестот
Се сомневам дека Ковачевски и Ахмети ја примија пораката онака како што е испратена, сметам дека тенденциозно се оди кон тоа да се релативизираат сите настани, одржување на власт без разлика што таа е сува власт неоправдана од самите граѓани, тоа не укажува на некој демократски капацитет ниту, пак, демократија во рамки на Владата, меѓутоа тоа е сепак реалноста во која што живееме, рече Мизрахи.
Верувам дека пораката е пратена иако веднаш после протестот почна некој обид за релативизирање на целокупниот настан, повеќе од очигледно е според фотографиите, според снимките дека тоа се десетици илјади граѓани кои се незадоволни од случувањата. Сите оние кои им е преку глава од сето она што се случува последниве 6 години, сметам дека пораката јасно и гласно е испратена и од страна на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа и од целокупното граѓанство кое што живее во оваа држава, истакна Рашела Мизрахи пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
– Се сомневам дека Ковачевски и Ахмети ја примија пораката онака како што е испратена, сметам дека тенденциозно се оди кон тоа да се релативизираат сите настани, одржување на власт без разлика што таа е сува власт неоправдана од самите граѓани, тоа не укажува на некој демократски капацитет ниту, пак, демократија во рамки на Владата, меѓутоа тоа е сепак реалноста во која што живееме. ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе продолжи со активната блокада во Собранието, ќе се организираат и дополнително протести гледаме уште денес се појавија и синдикати и различни групи на загрижени граѓани кои ќе протестираат од среда па натаму, што јасно укажува на фактот дека многу црвени линии се поминати – посочи Мизрахи.