КОВАЧЕВСКИ Е ПРЕМИЕР НА ЕТИОПИЈА?! Груевски се чуди зашто ветил дека зимава ќе има храна за сите

2,187
По оваа вчерашна изјава на премиерот Димитар Ковачевски, поранешниот премиер Никола Груевски  коментира на Фејсбук:

 

„До кое дереџе дојде Македонија!!!? Премиерот се бори да има храна оваа зима, и гордо соопштува на народот дека храна ќе има!!! Ако некој низ Европа ова го прочита првата помисла ќе биде дека тоа е изјава на премиерот на Етиопија или некоја друга африканска држава а не Македонија.

Едно време се гордеевме дека ќе има ваучер за бесплатен компјутер/лаптоп за сите бруцоши, пари за секое семејство кое ќе добие трето дете или субвенции за странски туристи и нови линии на ниско тарифни авио компании со кои Македонија се поврза со многу градови и држави. Автопати, возови, голем број нови фабрики и работни места донесени од нас со наш директен ангажман и убедување, а сега битката е…за храна😌
Плус горди сме сега дека ќе има струја и греење.
Дали ќе има храна во моментот е прашање само во земјите во Африка. Во Европа тоа не е тема“, напиша Груевски.
Поврзани содржини