КОВАЧЕВСКИ ДА ГО ПОКАЖЕ ДОКУМЕНТОТ Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека 3 пратеници од СДСМ се изјасниле против уставни измени

Ковачевски треба да каже дали откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени за пратеници од СДС кои не се согласуваат со политиките за уставни измени, тој ги свикал на групна координација, при што побарал да потпишат и документ дека ќе безусловно ќе поддржат уставни измени, до што не дошло затоа што споменатите пратеници не се согласиле, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

615

Тројца пратеници од СДСМ се изјасниле против уставните измени, а шестмина рекле дека тоа е најлошата работа која би можеле да ја направат, тврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Еве што велат тие:






„Ковачевски да излезе и да го покаже документот колку пратеници од СДС не му се потпишале дека ќе гласаат уставни измени.

Ковачевски треба да каже дали откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени за пратеници од СДС кои не се согласуваат со политиките за уставни измени, тој ги свикал на групна координација, при што побарал да потпишат и документ дека ќе безусловно ќе поддржат уставни измени, до што не дошло затоа што споменатите пратеници не се согласиле.

Залудно е префрлањето на топката во туѓ двор, кога Ковачевски не може да си го среди својот. 3 пратеници од 1 и 2 ИЕ му кажале дека нема да поддржат Уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста констатирале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која може да ја направат.

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен.

Иста е состојбата и во ДУИ, каде еден пратеник барал пари за да гласа.

И СДС и ДУИ движат кон ќорсокак и затоа нервозата од ден во ден сè повеќе расте“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На соопштението на опозицијата, следеше одговор од СДСМ. Тие во соопштение го прашуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дали ги преброил пратениците во сопствената партија кои се „за“ уставните измени.

„Сега, кога државата влегува во клучен период за евроинтеграциите, Мицкоски треба да ги преброи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени да дадат поддршка на уставните измени. Знае и Мицкоски како што и целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори“, велат од СДСМ.
Првиот вицепремиер и членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби вчера пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени“.
Поврзани содржини