КОВАЧЕВСКИ ДА ГИ ОБЕЛОДЕНИ ОДГОВОРИТЕ НА ПРЕДЛОГОТ 5+1 Од опозицијата бараат транспаретност во преговорите со Бугарија

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа од мандатарот Димитар Ковачевски да ги објави деталите, од одговорите што нашата страна ги дала во врска со пакет предлогот 5+1.

357

Вицепремиерот Никола Димитров со неговата изјава дадена пред неколку дена, во која откри дека преговорите околу спорот со Бугарија, можеби се водат на штета на Македонија предизвика бурна реакција во нашата јавност.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа од мандатарот Димитар Ковачевски да ги објави деталите, од одговорите што нашата страна ги дала во врска со пакет предлогот 5+1.






– Додека Димитров обвинува за предавство, Ковачевски мудро молчи за тоа кои одговори Македонија ги дала на пакетот 5+1 кој е испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Патем оваа делегитимирана влада на СДСМ чека став од страна на Бугарија по однос на овие одговори. Иако, никој не е запознаен за што преговарале Заев, Димитров и Османи. Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции? На состанок во Бугарија на советот за национална безбедност за прашањето кон Македонија се донесе јасен и конкретен став, додека во Македонија се држат во тајност одговорите за пакетот 5 + 1 кои се доставени до Бугарија на самитот на НАТО во Рига уште пред два месеци – посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини