КОВАЧЕВСКИ ЈА ПРЕЗЕМА ВИНАТА, А СДСМ И ДУИ СЕ БЕЗГРЕШНИ?! Дрскост и безобразие е тој да бара мандат од граѓаните, смета СПМ
Кога Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е „дрскост и безобразие од личност која нема скрупули и морален кредибилитет да води држава и кој никогаш не учествувал на избори“, смета Социјалистичката партија на Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека не е изненадена од чудната изјава на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, дека е лично одговорен за сите неуспеси и успеси на владата во неговиот двегодишен мандат.
„Ковачевски јавно признава дека лично водел погрешни политики и дека предизвикал неуспеси и со тоа штети на државата и на народот, што е општо познат факт. Со вквото признание тој сака да ја лоцира вината кај себе, за да покаже дека СДСМ и ДУИ се безгрешни“, се вели во соопштението на СПМ.
Кога Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е „дрскост и безобразие од личност која нема скрупули и морален кредибилитет да води држава и кој никогаш не учествувал на избори“, смета партијата.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изборите се можност за промени и секој кој јавно признава вина и грешни политики мора да одговара за тоа, а особено за штетата и злоупотебите кои се направени. Затоа на изборите мора да се изберат чесни и креативни кадри кои знаат да ја водат државата на европскиот пат и напредок, велат од СПМ.