КОВАЧЕВСКИ ЈА ФАЛСИФИКУВАЛ ДИПЛОМАТА!? ВМРО-ДПМНЕ тврди дека лидерот на СДСМ курсот на Харвард го прикажува како диплома

Опозциската партија појаснува дека секој граѓанин со факултетска дипломаможе да оди на курс на Харвард ако плати десетици илјади евра.

10,381

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека новиот лидер на СДСМ Димитар  Ковачевски ја фалсификувал биографијата.

Според партијата Ковачевски курсот на Харвард го прикажувал како факултетска диплома.






– Ако е точно, тогаш направил класична лага и манипулација на јавноста, бидејќи ваквиот курс е скапо платена кратка едукација платена со неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од  ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека во тоа се гледа очајот на Зоран Заев да најде продолжувач на заевизмот.

– Заев мораше да го преставува Ковачевски како студент од Харвард за да звучи уверлив, а тој бил само курсаџија. Пиунот Ковачевски од курсаџија стана главен адут на Заев. Тажно, но вистинито.Очигледно фарсата наречена нов лидер на СДСМ, добива нови димензии. Ковачевски е веројатно најдобриот пиун кој можел Заев да го одбере во СДСМ со цел да продолжи заевизмот и контролата на партијата како сопствена приватна фирма.Ништо во СДСМ  не се менува, заевизмот владее заедно со сиот криминален и коруптивен систем кој произлегува од него – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини