КОВАЧЕВ Е ТАЖЕН ЗАТОА ШТО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СИ ГО ГУБЕЛЕ ВРЕМЕТО НАМЕСТО ДА ПРЕГОВАРААТ Опасно било во Македонија да кажете дека сте Бугарин, тврди бугарскиот европратеник

Навистина им се чудам на оние во Скопје кои им изгубија толку многу време на македонските граѓани. На мене ми е многу жал, тажно ми е на срцето дека македонските политичари ѝ го губат времето на сопствената држава, наместо да започнат со преговори, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во изјава за ТВ21.

962

Познавам многу луѓе кои живеат во Македонија, а кои се плашат да кажат дека се Бугари затоа што ќе им биде уништен бизнисот, ќе ја загубат работата или нивното дете ќе биде навредувано.

Ова во интервју за ТВ21 во Брисел го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, истакнувајќи ги последиците врз оние кои се идентификуваат како Бугари.






– Има толку многу луѓе на кои се вознемируваат во сегашна Република Северна Македонија да кажат дека се Бугари, дека ќе си ја изгубат работата, дека во училиште нивното дете ќе биде навредувано дека е „бугараш“, дека татко му е бугарофил, дека ќе му го уништат бизнисот, ако има бизнис дека нема да купуваат од неговата продавница ако има некаква продавница – изјави Ковачев.

Исто така, тој искажа жалење поради тоа што македонските граѓани си го губат времето.

– Навистина им се чудам на оние во Скопје кои им изгубија толку многу време на македонските граѓани. На мене ми е многу жал, тажно ми е на срцето дека македонските политичари ѝ го губат времето на сопствената држава, наместо да започнат со преговори – рече Ковачев.

На прашањето што може да се направи сега за членството на Македонија во ЕУ, Ковачев изнесува уште една загриженост, ставајќи го акцентот на губењето на можноста за рана европска интеграција:

– Наместо сега да е еден од првенците за Европска интеграција, тие се заглавија со користење пари, дипломатија во Брисел, во Вашингтон, во Париз, да одат да објаснуваат дека треба нешто да се промени. Тоа е изгубено време. Има прифатена европска рамка за започнување на преговорите, таа е прифатена од сите 27 држави, прифатена е од Собранието во Скопје, исто така и во Бугарија од Бугарското Собрание, така што сите овие напори што ги вложуваат се на штета, според мене за македонската европска иднина – изјави Ковачев.

Понатаму, европратеникот од Бугарија во „Дејли Клик“ додаде дека проблемот за членството на Македонија со ЕУ не е заснован на билетерални прашања, туку на основни човекови права, кои според него се клучен критериум за членство.

– Тоа не се билатерални прашања, тоа се основни човекови права и добрососедството е основен критериум за членство. Ти не можеш да создадеш едно семејство и во соседната соба да има некој кој те мрази и ти пишува говор на омраза во учебниците, говор на омразса во медиумите, да не може некој да има развој во кариерата само затоа што изјавил дека е Бугарин. Колку луѓе вработени во полиција, Обвинителство, централна или локална власт, јавно кажуваат дека се Бугари? Ама затоа има министри Срби, има министри Албанци, има и заменици на министрите, има судии, нема никаков проблем за нив – изјави Ковачев.

Ковачев: Не е точно дека Бугарија не исполнила ниту едно барање од судот во Стразбур

Европратеникот Андреј Ковачев, ги демантира обвинувањата дека Бугарија не исполнила ниту едно барања од судот во Стразбур за регистрација на македонски организации во источниот сосед.

– Нема никаква драма, нема никаков проблем, Бугарија ги има исполнето апсолутно сите барања кои и судот во Стразбур никаде не кажува, или има пресуда, дека Бугарија треба да признае малцинства. Нема таква работа. Има да ги исполни критериумите за регистрација на невладини организации, а кога некоја организација ги исполни овие критериуми, тие ќе бидат регистрирани, како што се регистрирани две организации од луѓе кои се претставуваат како етнички Македонци. При последниот попис во Бугарија, да не згрешам, беа околу 1.000 луѓе кои се запишале како етнички Македонци – рече Ковачев.

Поврзани содржини