КОТЛАР ЌЕ ПРАВИ ИНОВАТИВЕН ПАРК ВО ЦЕНТАР Младите ќе го користат три години без да плаќаат
Просторот ќе им биде изнајмен во тек на три години без да го плаќаат надоместокот и тоа ќе го плаќа Општина Центар, најави кандидатката за градоначалник на Општина Центар, Наташа Котлар Трајкова, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Центар ќе направиме иновативен парк за младите луѓе, претприемачи кои имаат иновативни и старт-ап компании и кои се поврзани со своите креативни идеи на современиот пазар, рече Наташа котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Просторот ќе им биде изнајмен во тек на три години без да го плаќаат надоместокот и тоа ќе го плаќа Општина Центар. Овој начин на работење го иницираме за да може младите луѓе со своите иновативни и креативни идеи да се поврзат со научната сфера, работниот процес, бизнисот и со други фактори во бизнисот за да можат да развиваат современи технологии, но исто така да имаат и апликативни проекти. На тој начин тие не само што ќе се поврзуваат со заедницата во својата земја, тие ќе бидат поврзани регионално и пошироко. На тој начин ќе се вмрежува современата технологија, идејата на младите луѓе и нивната креација – рече Котлар.