Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ од вечерашниот протест со автомобили од пред владата порача дека политичкиот прогон против неистомислениците со власта мора да запре.
– Вечерва сме на протест пред владата против криминалот, невидената корупција и политичкиот прогон што се случува во Македонија. Прогон против тие што немаат ист став со власта. Ова е период на милионски тендери кои владата ги мести, се прави рекет од највисоко ниво, до локални гранапчиња а народот нема ни за леб. Несме да си дозволиме патриотите да гнијат по затворите, а криминалците од власта да се на слобода. Овој политички прогон мора веднаш да запре – рече Костовски.