Костовски до Заев: Имате „путер“ на главата од предавства, имате потреба да се докажувате дека сте Македонец
Добро е што Заев имаше потреба да каже дека е Македонец, еве на пример сите ние останатите таква потреба немаме зошто како него немаме „путер” на глава од предавства, вели Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава дека не е доволно Заев да каже дека е Македонец, дека никогаш не било спорно тоа, но оти има неколку прашања на кои Заев треба да одговори.
– Дали македонскиот јазик има историски корени пред АСНОМ? Дали постои македонско малцинство во Бугарија? Прави ли разлика од споделена и заедничка историја? Дали Бугарија ги окупирала Скопје, Куманово, Крива Паланка? Кој ги уби Ваташките деца? Квинслингот Заев ако сака да го намали срамот еве нека одговори директно на овие прашања – рече Костовски.