Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да не бара алиби за блокадите за нов Клинички центар

Ставот на Мицкоски дека по секоја цена ќе го кочи законско решение со кое државата по 80 години ќе добие нов модерен Клинички центар е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е цврсто застаната на спротивната страна од интересите на граѓаните, дека е цврсто застанат против здравствениот систем во нашата земја, обвини пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

198

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против нов Клинички центар, против подобри здравствени услуги за граѓаните, обвини пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Ставот на Мицкоски дека по секоја цена ќе го кочи законско решение со кое државата по 80 години ќе добие нов модерен Клинички центар е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е цврсто застаната на спротивната страна од интересите на граѓаните, дека е цврсто застанат против здравствениот систем во нашата земја. Тврдењата дека во соседна Србија се изградил ист Клинички центар за далеку помала сума се тешка лага и обид за манипулација на јавноста. Не држи тоа алиби на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за сето ова што им го прават на граѓаните и државата. Клиничкиот центар во Белград е само една зграда, кула изградена поодамна која сега е затворена и опремена. Клиничкиот центар во Скопје е цел комплекс со придружни објекти и претставува цел медицински град. Тоа е огромна разлика која Мицкоски свесно ја игнорира за да бара алиби за неговите срамни обиди да ја спречи најголемата капиталната инвестиција во македонското здравство. Додека СДСМ и парламентарното мнозинство прават сè за да го унапредат квалитетот на живот, Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ прават сè за да бојкотираат, блокираат, ги кочат важните законски решенија – рече Костадинов на денешната прес-конференција.






Наместо за граѓаните и државата, додаде тој, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за интересите на Мицкоски.

– Таквото деструктивно, антинародно и антидржавно однесување е препознаено од граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ и  Христијан Мицкоски се постојано поразувани, затоа ќе бидат поразени одново и одново. Граѓаните треба да знаат дека и со и без ВМРО-ДПМНЕ, државата ќе добие нов модерен Клинички центар кој ќе им пружи интегрирани здравствени услуги на сите граѓани – рече Костадинов.

Поврзани содржини