КОСТАДИНОВ: НЕМА ДА СЕ ЗАТВОРААТ УЧИЛИШТА Во тек е дијалог меѓу централната власт и општините, рече вториот човек на СДСМ

Владиното мнозинство е стабилно и коалицијата нема никакви проблеми, истакна потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, за „24 Анализа" на телевизија 24.

331

Се наоѓаме во една општествена фаза, по сите кризи, здравствена, економска, енергетска во која не смее под прашање да се доведува работата на училиштата. Јасно е дека е не смее да дојде до затварање на училиштата и речиси сум сигурен дека до тоа нема да дојде – рече потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, во настап на ТВ 24.

Костадинов додаде дека, како градоначалник на Валандово, во неговата општина благовремено се буџетирани ставките и најави дека ниту општината, ниту училиштата нема да имаат поголеми проблеми. Тој додаде дека ова прашање зависи од дијалогот на централната и локалната власт, но пред се ќе зависи на локалните самоуправи и од квалитетното менаџирање и редефинирање на приоритетите.






– Потребно е ставање на приоритетна листа на оние трошења што мора да ги направиме за да испорачаме клучни резултати во образованието, но и социјалната правда. Образованието ни е кревко, а од тоа ни зависи целиот иден развој како држава, но имаме социјално ранливи категории на кои мораме да им испорачаме помош и социјална правда – рече потпретседателот на СДСМ.

Костадинов најави дека наскоро се очекува одговор од Владата на барањата на ЗЕЛС со цел сет мерки. Но не смееме единствено да дискутираме дневно политички, да се блокира Собранието, мора се да тече брзо, порача Костадинов.

Владиното мнозинство е стабилно и коалицијата нема никакви проблеми, истакна потпретседателот на СДСМ Костадинов. Тој додаде дека засега има информации дека од владиниот тим ќе се менува само Горан Милевски од Министерството за локална самоуправа кој даде оставка и нема најави за дополнителни промени.

– Ситуацијата со ДУИ е внатрепартиска и не би ја коментирал – рече потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.

Поврзани содржини