Костадинов: Мицкоски е неодговорен, се обидува да ја држи земјата во неизвесност

Без разлика колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, државата, институциите успешно се справуваат со коронакризата и истовремено се посветени на реализација на мерките што обезбедуваат брза трансформација на нашата македонска економија.

304

Христијан Мицкоски денеска продолжи со незрело, деструктивно однесување, онака како што се однесува за целото време на оваа здравствена криза. Лажни вести, деструкција, конструирани случаи и непочитување на мерките, тоа е она што Мицкоски им го нуди на граѓаните за време на пандемијата и за време на сите овие 2,5 години откако ја предводи ВМРО-ДПМНЕ,  вели портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во реакцијата на прес конференцијата на Мицкоски.

– Граѓаните многу добро видоа како додека лекарите и сите здравствени работници деноноќно се борат со коронавирусот, Мицкоски за тоа време се шеташе по тератени и по Водно без притоа да ги почитува мерките и задолженијата. Наместо да помага, Мицкоски постојано одмагаше и преку лажни вести се обидуваше да ја вознемирува јавноста. Прво лажеше дека имало само 100 теста за коронавирус, потоа дека 140.000 граѓани останале без работа. Иако овие лаги беа демантирани од страна на институциите, Мицкоски не престана со ширење лажни вести. Згора на се, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дозволи непочитување на мерките и препораките и го загрози здравјето на граѓаните – рече Костадинов.






Според него, овие денови ги гледаме последиците од оваа неоговорност, имаме нов број заразени од вирусот.

– Но, здравстените институции имаат капацитет и ќе се справат со оваа ситуација. Многу е важно да разбереме дека вирусот е тука и затоа сите мора да ги почитуваме мерките за заштита. Јасна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со сите сили се обидуваат да ја држат земјата во неизвесност, СДСМ за само три години покажа како се работи одговорно и отчетно во интерес на граѓаните и државата – рече Костадинов.

Тој додаде дека без разлика колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, државата, институциите успешно се справуваат со коронакризата и истовремено се посветени на реализација на мерките што обезбедуваат брза трансформација на нашата македонска економија.

Поврзани содржини