Костадинов: Мандатар е Заев, во тек се разговори за формирање влада
Костадинов посочи дека за СДСМ важен е ставот на претседателот на државата, Стево Пендаровски кој вели дека веднаш по конституирањето на Собранието, започнуваат да течат законските рокови и дека доделувањето на мандатот ќе се случи согласно роковите.
Во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов како одговор на ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на денешната прес- конференција рече дека легитимен победник на парламентарните избори е ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
– Мандатар за состав на новата Влада е Зоран Заев. Како што веќе соопштивме, во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и коалиција за полн, четиригодишен стабилен мандат. Во интерес на разговорите во овој момент не би можеле детали да изнесуваме -рече Костадинов.
Во однос на роковите за доделување на мандатот Костадинов посочи дека за СДСМ важен е ставот на претседателот на државата, Стево Пендаровски кој вели дека веднаш по конституирањето на Собранието, започнуваат да течат законските рокови и дека доделувањето на мандатот ќе се случи согласно роковите.