Костадинов: Да дејствуваме со ладни глави, за два месеци струмичката болница ќе добие амбулантно возило

Објавата на Костадинов е резултат на двата денешни апела на директорот на Општата болница во Струмица, Наќе Гогов, првиот за донација за болницата да купи амбулантно возило, а вториот - да не се донира за болничко возило, поради, како што рече Гогов, негативните коментари за барањето донации.

916

Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за струмичката болница, објави пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов на својот профил на Фејсбук.

Тој рече дека во оваа пандемија, клучот е да се биде одговорен и во интерес на граѓаните да се дејствува со ладни глави, истакнувајќи дека го разбира притисокот кај здравствените работници.

„Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија. Само со искрен разговор, со силни заложби можеме да ги решаваме сите проблеми, наталожени поради непреземање ништо во минатото но и оние кои произлегуваат од секојдневието. Како политичар секогаш сум давал се од себе за мојата Струмица, тоа и ќе продолжи со сигурност! Ситуацијата во овие моменти е сериозна и повикувам на одговорност. Почитувајте ги протоколите, носете маска, не се групирајте. Бидете одговорни кон самите себе, кон најблиските“, порача Костадинов.

Објавата на Костадинов е резултат на двата денешни апела на директорот на Општата болница во Струмица, Наќе Гогов, првиот за донација за болницата да купи амбулантно возило, а вториот – да не се донира за болничко возило, поради, како што рече Гогов, негативните коментари за барањето донации.

Поврзани содржини