Костадинов ја нападна Левица: Двајцата пратеници се како од минатиот век

1,236

По најавата на Левица дека поради Законот за државјанство со европско знаменце што го предлага Владата ќе ги блокира сите закони на парламентарното мнозинство, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов изјави дека двајцата пратеници од оваа партија се политичари од минатиот век, а не модерни политичари.

– Не е само законот за државјанство којшто опозицијата, овде мислам и на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат да го блокираат или во одредени ситуации брутално ги блокираат законските решенија. Станува збор за политичка партија која што има свои претставници, двајца во рамки на Парламентот, кои што ако добро направиме анализа ќе видиме дека ги нема на работа во најголем дел од времето. Во рамки на комисиите каде што практично се креираат законските решенија, кога мислам на решенија мислам токму на тоа, го имаат целосното демократско, деловничко право како пратеници да подобруваат одредени текстови на Законот. Наместо тоа двајцата пратеници решиле да блокираат – рече Костадинов.






Според портпаролот на СДСМ Костадинов, двајцата пратеници на Левица приличат на политичари од некои поранешни векови, а не на модерни политичари.

– Тоа е слика и пример како не треба модерниот македонски политичар да изгледа. Модерни политичари нудат решение, поддржуваат закони кои што решаваат проблеми, кои што го унапредуваат и го подобруваат животот на сите граѓан -, рече портпаролот на СДСМ.

Поврзани содржини