Костадин Костадинов се сретна со бугарскиот Костадин Костадинов во Скопје (ФОТО)
Клучната работа на која мораме да се посветиме е развивање на пријателството помеѓу народите кое е на многу високо ниво и секако на перцепцијата на двете страни, истакна Костадинов.
На мое лично задоволство се сретнав со мојот пријател од соседна Бугарија, господин Костадин Костадинов, претседател на политичката партија Взраждане, објави пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов.
Според објавеното, тие разговарале за предизвиците на двете земји.
„Клучната работа на која мораме да се посветиме е развивање на пријателството помеѓу народите кое е на многу високо ниво и секако на перцепцијата на двете страни“, истакна Костадинов и додаде дека Бугарија не треба да биде кочничар на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, туку треба да биде поддршка за развој на целиот регион, но и на Унијата.