Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на покана на „Билка“ учествуваше на „Македонски канабис форум“.
– Нашето општество се менува, се демократизира. Самиот факт што сум тука значи дека ние во партијата сериозно дискутираме на оваа тема. Но ние сме модерна и европска партија и ги следиме процесите. Граѓанските организации имаат конкретни барања во врска со канабисот и ние мораме да зборуваме за нив. Некогаш работите не се одвиваат со темпо како што посакуваме, но ако вака, како денеска дискутираме, тогаш ќе дојдеме до решение. Ова е историска можност, се отвораат економски перспективи, примерите се бројни. Ние во партијата зборуваме за ова и поддржуваме процес на декриминализација – вели Петров.
Според Петров целиот процес ќе трае долго, но ако постои политичка волја и посветеност на граѓанските организации може да се успее.
– Заеднички да ги дефинираме, прво декриминализацијата, а потоа да дискутираме како ќе оди процесот, кој модел ќе го следиме, дали ќе имаме комбиниран модел, дали како Холандија, Португалија или Италија. Ова е процес што ќе трае, но со добра политичка волја и со фокус на едукацијата ќе ги видиме сите ефекти на канабис. Економскиот бенефит не може никој да го негира. Само во Канада влегоа 8.4 милијарди долари, имаше 10 000 вработувања, а црниот пазар падна за 20 отсто – вели Петров.