📽 КОСТА К. СНИМЕН БЕЗ КАПА НА ГЛАВАТА, НЕ ПОКАЖУВА НИ СТРАВ, НИ ПАНИКА На социјалните мрежи кружи видео од апсењето на момчето убиец

Додека трае судењето на родителите на Коста Кецмановиќ, видеото кое е создадено веднаш по масакрот во основното училипте „Владислав Рибникар“ во Белград на кое е момчето заедно со полицајците, повторно стана актуелно на социјалната мрежа ТикТок.

1,803

На социјалната мрежа ТикТок повторно кружи видео од апсењето на Коста Кецмановиќ, момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет деца и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград
И по повеќе од десет месеци, кои поминаа од страшниот масакр, јавноста не престанува да се интересира за сè што е поврзано со Коста Кецмановиќ (14) кој стана најмладиот масовен убиец во светот.
Токму поради оваа причина, додека трае судењето на родителите на Коста, видеото кое е создадено веднаш по масакрот, а на кое е момчето убиец заедно со полицајците, повторно стана актуелно на социјалната мрежа ТикТок.

@moodmoodaku GAIS FOTO KE 3 SERIUSAN KOSTA???!😱 #kostakecamanovic #kostakecmanović #viralserbia #bullyingstop #criminal #serbia ♬ suara asli – xieohdypt





Веднаш по извршувањето на масакрот, момчето-убиец се предаде на полицијата, а како што може да се види на видеото, додека го апсат тој е ладнокрвен и без емоции, не покажал никаква реакција, ни страв, ни паника, ни каење за невидениот масакр во кој им го одзеде животот на 9 негови соученици и на чуварот на училиштето.

Истрагата потврди дека тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ злосторството го планирал еден месец. Тој дознал за тоа дека нема да одговара кривично со истражување на Кривичниот законик на Србија.

На 3 мај во 08:40 часот момчето-убиец упаднал во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кое и самиот одел и од врата пукал во училишниот чувар Драган Влаховиќ, кој од здобиените повреди починал.  Потоа убил три девојчиња кои случајно се нашле во училишната сала, а крвавото дивеење го продолжил во укабинетот за историја каде што неговиот клас одржувал час, убивајќи шест ученици, а ранувајќи ја наставничката по историја и уште пет други деца.

 

Поврзани содржини