КОСОВСКИТЕ ВЛАСТИ НЕГИРААТ Во Сремска Митровица влезе обична полиција, а не единицата „Росу“

Изминативе денови, по последователните вооружени напади врз полицајци и граѓани на северот од државата, неопходно е да се зголеми присуството на полицијата за да се обезбеди безбедност за сите граѓани, рече министерот Свечија.

403

Владата на Косово ги демантираше пишувањата во српските медиуми дека специјални полициски единици биле испратени на северот на Косово.

– Се работи само за полицијата, не за која било друга единица – изјави портпаролот на косовската влада Перпарим Криезиу за РСЕ.






Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на Фејсбук напиша дека полицијата има мандат и задача да обезбеди безбедност, да го гарантира редот и владеењето на правото.

– Изминативе денови, по последователните вооружени напади врз полицајци и граѓани на северот од државата, неопходно е да се зголеми присуството на полицијата за да се обезбеди безбедност за сите граѓани – рече Свечија.

Според сега веќе официјалното соопштение на косовската полиција, во четвртокот на 8 декември е зголемено присуството на силите на редот на северот на земјата.

– Бараме од сите граѓани да останат смирени и да соработуваат со косовската полиција, која се залага за редот и безбедноста на сите граѓани без разлика – рече Свечија.

На снимките што ги објавија косовските медиуми се гледа дека полицијата е распоредена во Бошњачка Махала, инаку мултиетничка населба во Северна Митровица.

Во Лепосавиќ на северот на Косово, на 8 декември имало обид за грабеж на претставништвото на Народната банка на Србија, трезорот лоциран во оваа општина, а во таа прилика вработен во фирмата „Хендерсон“, која превезува пари за потребите на банките, е повреден.

Претходно, на 7 декември беа фрлени две експлозивни направи во Северна Митровица, а на 6 декември имаше инциденти во Северна Митровица и Зубин Поток, кога беа демолирани канцелариите на Централната изборна комисија на Косово. Употребени се огнено оружје и рачни бомби.

Косовската полиција наведува дека континуирано ги следи и анализира настаните во земјата, прави стручни проценки врз основа на кои презема „неопходни, разумни и законски мерки за спроведување на законите и одлуките на државните органи на Косово“.

Припадниците на српската заедница ја напуштија полицијата на северот на Косово во знак на незадоволство од одлуката на Владата на Косово да ги пререгистрира возилата од српски таблички на косовски.

На 7 декември, министерот за внатрешни работи на Косово, Џелаљ Свечља, изрази сомневање дека некои поранешни српски полицајци учествувале во инцидентите што се случија претходните денови.

Поврзани содржини