КОСОВСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ПУКАЛЕ И РАНИЛЕ СРБИН „Го слушнав кршењето на стаклото во автомобилот“

Искрено го слушнав пукањето на стаклото позади и напред и не ми беше грижа, се исплашив, продолжив понатаму, тргнав кон дома. Стигнав до местото Шарен Камен и што се случи потоа, каде е автомобилот, кој ме донесе, појма немам, изјави М.Ј.

800

Србин бил ранет кај мостот на реката Бистрица недалеку од местото Звечани каде возел со својот автомобил, неоофицијално дознава Косово онлајн. Кон М.Ј. пукале специјалните полициски единици РОСУ. Завршил со прострелна рана на десната страна на градниот кош и бил опериран од во болница во Северна Митровица каде бил пренесен со возило на Итната помош.

– Нешто по 22:00 часот на нашето одделение е примен пациент со прострелна рана во десната страна на градниот кош, донесен е во состојба на хеморагичен шок, итно е примен и опериран. Крварењето било запрено и тој моментално е надвор од животна опасност и се лекува на одделот за интензивна нега за дополнително следење – изјавил дежурниот хирург д-р Никола Радојичиќ за Косово онлајн.






Во болницата  ранетиот рекол дека бил застрелан од единиците РОСУ.

– Синоќа, откако се вратив од Лепосавиќ долу во Бистрица, каде што е нивната база, откако поминав низ контролниот пункт, само слушнав истрел и болка во рамото. Не можам да бидам сто проценти сигурен кој пукал, но не верувам дека има некој друг во таа база освен нивната војска и полиција. Искрено го слушнав пукањето на стаклото позади и напред и не ми беше грижа, се исплашив, продолжив понатаму, тргнав кон дома. Стигнав до местото Шарен Камен и што се случи потоа, каде е автомобилот, кој ме донесе, појма немам – изјави М.Ј.

Поврзани содржини