📽 КОСОВСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ БИЛ УБИЕН ВО ЗАСЕДА Објавени неофицијални информации за тоа што се случувало во Бањско
Според неофицијални информации, граничните премини кон Србија се привремено затворени, а локалното населени за српските медиуми на Косово изјавуваат дека се под стрес бидејќи синоќа во селото се водела вистинска војна. Патот кој води кон селото е блокиран од косовската полиција, која трага по сторителите.
Косовската полиција ги објави првите информации за синоќешното убиство на наредник од косовската полиција на северот на земјата. Според кажаното, полициската патрола во која биле три полицајци од Звечан дошле до селото Бањско бидејќи добиле пријава дека таму се поставени два камиона кои го блокираат мостот на влезот од селото. Во моментот кога полициското возило пристигнало на влезот на селото, кон нив бил отворен оган. Локалните мештани кажуваат дека константно се слушале пукања и детонации, а ситуацијата се смирила утринава во 7 часот.
Според неофицијални информации, граничните премини кон Србија се привремено затворени, а локалното населени за српските медиуми на Косово изјавуваат дека се под стрес бидејќи синоќа во селото се водела вистинска војна. Патот кој води кон селото е блокиран од косовската полиција, која трага по сторителите.
Косовскиот премиер Албин Курти, претходно, извести дека косовската полиција била цел на напад на засега непознати маскирани лица. Во нападот во близина на Лепосавиќ, бил убиен полициски наредник, а ранет уште еден граничен полицаец. Според Курти, истрелите од огнено оружје продолжиле и во раните утрински часови.
– Денеска околу три часот по полноќ во селото Бањско во Лепосавиќ е нападната косовската полиција, при што еден косовски полицаец е убиен, а друг е повреден. Убиениот е полицаец со чин наредник, додека повредениот е припадник на граничната полиција. Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружје од различен калибар кон нашата полиција. Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје – вели Курти.