КОСОВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ И ВОЈНИЦИ ЗАДРЖАНИ ВО СЕЛО ОРМАН? Тврдење на пратеникот Драган Ковачки
Главното прашање е како може припадници на странски униформирани вооружени сили да престојуваат на наша територија без придружба на МВР? Спасовски нека шета по кампањи рамо до рамо, а странски униформирани лица нека ни шетаат во државата - напиша Ковачки.
Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен воен офицер, објави информација на Фејсбук дека униформирани полицајци и војници од Косово влегле на македонска територија и биле задржани од македонската полиција.
„До нас стигна информација дека тројца полицајци и еден војник на Косово се влезени на наша територија и дека биле задржани од нашите полицајци во селото Орман. Главното прашање е како може припадници на странски униформирани вооружени сили да престојуваат на наша територија без придружба на МВР? Спасовски нека шета по кампањи рамо до рамо, а странски униформирани лица нека ни шетаат во државата“ – напиша Ковачки.
Засега нема потврда од МВР, ниту во соопштение ниту во дневниот билтен, дека странски униформирани лица биле задржани од македонската полиција.