КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА УШТЕ ПРОВОЦИРА Вучиќ ја обвинува Приштина
Овие луѓе не разбираат дека немаат сила на север, никој не се плашел од Албанците. Тие на север не можат ништо. Тие не се посилни од Србите - изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Приштина „уште игра“, односно дека вечерва испраќа екипи на косовската полиција кои преминуваат од јужниот во северниот дел на Митровица, а потоа се враќаат.
Вучиќ за ТВ Прва изјави дека специјалната косовска полиција поставила два контролни пункта кај Грабовац и Газивода и дека повремено „застануваат да земат некого, само за да провоцираат“.
– Овие луѓе не разбираат дека немаат сила на север, никој не се плашел од Албанците. Тие на север не можат ништо. Тие не се посилни од Србите – изјави Вучиќ.
Тој изјави дека претходните денови се „бореле да го зачуваат српскиот народ на Косово и Метохија“, а во исто време да го зачуваат мирот и дека овојпат „не било воопшто лесно“.
Вучиќ рече дека Албанците прават голема грешка во односот со Србите.