КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОЧНА ДА ГИ ОПОМЕНУВА СРБИТЕ Од денеска важат новите мерки за пререгистрација

И на другите премини меѓу Косово и Србија косовската полиција ќе дели потврди во кои ги известува граѓаните дека треба да ги пререгистрираат возилата. Во потврдата има и упатства за тоа како да се изврши пререгистрацијата.

871

Стигна првата опомена од косовските власти кон Србите чии возила не се пререгистрирани со новите таблици РКС. Синоќа, неколку минути по полноќ опомената било возило управавно од жена кое ги имало старите таблици КС, пишуваа српските медиуми. Мерките кои ги воспостави Приштина, а кои го дигнаа Белград и Брисел на нозе почнуваат да важат од денеска.

На преминот Јариње нема гужва. И на другите премини меѓу Косово и Србија косовската полиција ќе дели потврди во кои ги известува граѓаните дека треба да ги пререгистрираат возилата. Во потврдата има и упатства за тоа како да се изврши пререгистрацијата.






Србите на Косово не ги прифаќаат таблиците РКС, скратено за „Република Косово“ бидејќи тие имплицитно означуваат дека Косово е посебна, независна република.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља денеска повторно ги повика граѓаните кои поседуваат возила со српски регистарски таблички да ги пријават во РКС, пренесе РТК2.

„Косовската полиција денеска, согласно новата одлука на Владата и важечката законска регулатива, за сите сопственици на возила кои возат со нелегални регистерски таблички, почнува да издава мерка предупредување, со барање да се обратат во кој било центар за регистрација на возила. да ги регистрираат своите возила со регистарски број РКС таблички“, напиша Свечља на Фејсбук.

Тој ги повика граѓаните кои имаат регистарски таблички ПР, КМ, ПЗ, ГЛ, УР, ПЕ, ДА или ЃА од 10 јуни 1999 година до 21 април годинава да ги пријават своите возила со регистарски таблички РКС.

„На тој начин успешно го завршуваме овој процес, кој директно придонесува за јавната безбедност, безбедноста во сообраќајот и враќањето на законитоста во земјата“, додава тој во објавата.

Свечља ги повика граѓаните да не остануваат заложници на криминалните групи, туку да користат капацитети за евидентирање на имотот во согласност со можностите што ги даваат институциите, без разлика на живеалиштето и локацијата.

Тој додаде дека Владата на Косово останува посветена на обезбедување безбедност и владеење на правото низ целата земја и за сите нејзини граѓани.

Инаку, неколку возачи кои со косовско-митровачки регистерски таблички се возеле од територијата на Косово и Митровац кон централна Србија, изјавиле дека не добиле никакво предупредување.

На преминот утрово нема гужви, гужви имаше претходните денови, најверојатно поради празниците.

Поврзани содржини