КОСОВО НЕ МОЖЕ НА СРПСКО ЗНАМЕ Дисциплинска постапка на ФИФА против Србија

Знаме на кое Косово е прикажано како дел од територијата на Србија било закачено во соблекувалната пред натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар.

527

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека е отворена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Србија откако знаме на кое Косово е прикажано како дел од територијата на Србија било закачено во соблекувалната пред натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар.

Србија во четвртокот загуби од Бразил со 2-0, а фотографијата со знамето на кое е испишана порака „Нема предавање” на социјалните мрежи ја сподели косовскиот министер за култура, млади и спорт Хајрула Чеку.






ФИФА соопшти дека постапката против Србија е отворена врз основа на членот 11 од Дисциплинскиот правилник и членот 4 од Правилникот на Светското првенство 2022.

Поврзани содржини
na