Во последните 24 часа, од вкупно извршени 480 тестови, 258 биле позитивни на ковид-19 – известуваат здравствените власти во Косово.
Најголем број заразени има во Приштина, Пеќ, Гњилане, Урошевац. Регистрирани се 16 починати пациенти, позитивни на ковид-19, во последните 24 часа. Вкупниот број на позитивни случаи во Косово е над 8.100.
Во последните 24 часа се излекувале 196 пациенти, а вкупно излекувани досега се 4.463 случаи. Активни случаи во земјата се 3.429 лица.