КОСОВЕЦ СО ТЕСЛА ОГРАБИЛ ТОБАКО-МАРКЕТ Украл пари и стока, па се обидел повторно по неколку дена

Осомничениот скршил врата со тесла, украл стока вредна над 50 илјади денари и се вратил повторно, но бил забележан од минувачи.

336

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен државјанин на Косово осомничен за тешка кражба и обид за истото дело.

Според информациите, на 11 април осомничениот со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје. Потоа влегол во објектот, пребарувал и одзел пари од дневниот промет, алкохолни пијалоци, цигари и други производи.

Вкупната вредност на украденото се проценува на околу 52.900 денари. По кражбата, тој избегал од местото со велосипед.

Неколку дена подоцна, на 18 април, повторно се обидел да влезе во истиот маркет на идентичен начин. Но, овојпат бил забележан од минувачи и вработени, кои веднаш го пријавиле случајот во полиција.

Од обвинителството посочуваат дека постои опасност од бегство, особено затоа што осомничениот престојувал во државата без пријава. Поради тоа, доставен е предлог до судија на претходна постапка за определување мерка притвор.

Поврзани содржини