КОСОВЕЦ ЈА ЗАПАЛИЛ ОПШТИНА ТЕТОВО Предизвикал пожар во подрумот, сега „се лади“ во притвор

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(38) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност, соопшти полицијата.

189

Државјанин на Косово пред неколку дена предизвикал пожар во подрумските простории на Општина Тетово, соопшти полицијата. Судот му одредил притвор, а ќе одговара за делото предизвикување општа опасност.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(38) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност. На 6.10.2024, пријавениот предизвикал пожар во подрумските простории на општина Тетово, по што бил фатен и лишен од слобода. Од судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, што ќе ја издржува во казнено-поправната установа Затвор Шутка во Скопје“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини