Полицајци од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Трудов инспекторат, извршиле контрола на градежен објект на улицата Партениј Зографски, каде како изведувач на градежни работи е фирма од Скопје, соопшти полицијата.
„При контролата, на објектот биле затекнати 10 лица, државјани на Косово, кои извршувале градежни работи. По дополнителните проверки било констатирано дека лицата го прекршиле Законот за странци“, се вели во соопштението од МВР:
Против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави согласно член 217 од Законот за странци, додека за правното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на Трудов инспекторат.