Пејачката Ана Николиќ во моментот ужива на одмор со својата ќерка Тара во луксузно летувалиште во Турција, од каде редовно објавува фотографии, пишува „Блиц.рс“.
Покрај пофалбите коишто секојдневно ги добива на сметка на својот изглед, се најдоа и поединци кои негативно го коментираа изгледот на пејачката, нагласувајќи дека е премногу слаба.
Ана позирала покрај морето во костим за капење во леопард дезен со наметка, а многумина ги коментираа нејзините нозе.
View this post on Instagram
„Премногу си слаба, јади нешто“, „Само коска и кожа“, „Прекрасна како и секогаш“, „Можат само да ти завидат на изгледот“, „Кралица и најубава“… се само дел од коментарите .
Благодарение на операцијата за намалување на желудникот и тренинзите, таа ослабе речиси 50 килограми.
Пејачката своевремено, во една емисија, зборувала за својата тежина и признала дека тежела 105 килограми:
„Ослабев така што го намалив внесот на калории за 70 отссто, јадам сè, но во мошне мали количини. Тренирам многу, речиси секој ден. Пијам свои таблети за слабеење, тоа е единствениот начин и единствената вистина за моето слабеење. Пред сѐ, одлука во главата, бидејќи долго ми требаше да одлучам. Кога се одлучив и пресеков, тогаш сè тргна по својот пат“.
ФОТО: Инстаграм